Русија примени реципрочна мерка и го ограничи готовинскиот тек кон „непријателските земји“ како одговор на замрзнувањето на дел од нејзините резерви – соопшти денеска руската централна банка.
Банката на Русија потсетува дека како одговор на западните санкции, Владата веќе забрани продажба на хартии од вредност на странски инвеститори и повлекување средства од рускиот финансиски систем.
– Покрај тоа, исплатата на корпоративниот долг на руските компании и јавниот долг кон доверителите од земјите кои поддржуваат санкции против Русија ќе се врши само со дозвола на владината комисија – стои во соопштението.
Со други зборови, како одговор на замрзнувањето на дел од резервите на Русија, Русија воведе и ограничувања за движењето на средствата кои би можеле да бидат префрлени во непријателските земји за споредлива сума – се вели во соопштението на Банката на Русија.
Според податоците на руската централна банка, на 18 февруари, меѓународните резерви на Русија достигнаа рекордни 643,2 милијарди долари