Со поддршка на Европскиот центар за финансиски економски криминал на Европол, белгиската царина минатата недела изврши рација и затвори огромна фабрика за нелегални цигари. Нелегалната фабрика се наоѓала во поранешен хотел за домашни миленици во Арлон, Белгија.
Уапсени се 14 работници, главно од Источна Европа, а белгиските власти ја заплениле комплетната машина за производство на цигари. Во просториите во Арлон биле запленети и околу четири тони тутун и два милиони фалсификувани цигари. Дополнителни 40 милиони фалсификувани цигари за кои се претпоставува дека биле произведени во илегалната фабрика во Арлон биле запленети во приколки во индустриска област во Дафел, Белгија. Овие цигари, најверојатно, биле наменети за црниот пазар во Франција и во Обединетото Кралство. Само во Белгија даночната загуба се проценува на 20 милиони евра.
Француската царина исто така беше вклучена во истрагата и заплени над 25 тони фалсификувани цигари и 16 тона тутун на истата организирана криминална група во градот Ла Лонгвил.
Организираната криминална група се занимава со големо производство и дистрибуција на фалсификувани цигари. Против нив во тек се голем број истраги во повеќе европски земји.