Општина Битола, во соработка со јавните комунални претпријатија ЈП Комуналец, ЈП Водовод и КЈП Нискоградба, деновиве спроведуваaт повеќе активности за поубава и почиста Битола.
Работните активности кои почнаа минатата седмица, на денот на екологијата и со почетокот на пролетта, продолжуиај и денеска со зголемен интензитет.
– Исчистен е патот до Црквата „Свети 40 маченици“, кај месноста Кркардаш во должина од 500 метри, депонијата во населбата „Мал Париз“, и повеќе мали депонии, од кои е подигнато вкупно 250 м³ отпад – соопштија од локалната самоуправа.
Во меѓувреме поставени се висечки жардињери низ Широк Сокак, а денес цветно се уредуваше и просторот кај „Саат кулата“ и улица „Рузвелтова“
-Грижата за чистата животна средина и поубава Битола, мора да биде континуирана и заедничка, во постојана соработка на локалната самоуправа, јавните претпријатија, институциите и граѓаните – велат од локалната самоуправа.
М.М.