Главниот командант на руската Национална гарда, поранешен личен телохранител на рускиот претседател Владимир Путин, Виктор Золотов денеска изјави дека „специјалната воена операција“ не се одвива според планот.
– Сакам да ве информирам вас и сите присутни парохијани дека единиците на Националната гарда, заедно со вооружените сили на Руската Федерација, ги исполнуваат сите задачи поставени за време на оваа воена операција – истакна Золотов по богослужбата во московската црква Христос Спасител.
Тој додаде дека „не оди сè толку брзо како што би сакале, затоа што нацистите се кријат зад грбот на цивилите, постарите, жените, децата, организираат борбени позиции во градинките, училиштата и станбените згради“.
Золотов навдеде дека верува во победата на Русија.