Имаше 500.000 гигабајти податоци акумулирани за пресметковниот модел на целиот прототип на автомобилот, кај кој сега има поголема максимална топлинска ефикасност на моторот, зголемени гуми, намалена загуба на потисна сила кога болидите возат еден зад друг…, пишува Ф1

ФОРМУЛА 1

Во пресрет на сезоната во Формула 1 (Ф1) со рекордни 23 трки во која 20 возачи ќе се тркаат за титулата, а 10 екипи за врвот во шампионатот на конструкторите, Ф1 на својата интернет-страница објави повеќе бројки поврзани со измените на правилата за новата сезона.
– Никогаш досега ова количество работа не било вклучено во изработка на прописите за што било, без разлика дали тоа се аеродинамика, гуми, мотор – вели главниот технички директор на Ф1, Пет Сајмондс.
Во продолжение некои бројки за новите Ф1-болиди, пред сезоната што треба да почне на 20 март.
– Петстотини илјади гигабајти е количеството податоци акумулирани од тимот на Ф1-мотоспорт за пресметковниот модел на целиот прототип на автомобилот (или пар болиди), кој го симулира протокот на воздух во и околу болидот, овозможувајќи му на тимот на Ф1-мотоспорт прецизно да го измери аеродинамичкото влијание на геометриските промени што ги направиле. За да се илустрира колку е неверојатна таа бројка, еден ДВД зафаќа нешто помалку од пет гигабајти, а половина милион гигабајти би наполниле 10 милиони шкафчиња со четири фиоки со текст… – пишува Ф1 на својата интернет-страница.
– Сто и четириесет милиони долари е ограничувањето на трошоците за секој тим сезонава. Таа бројка (точно 142,4 милиони долари за 2022 година) исклучува некои работи, како што се трошоците за маркетинг. Целта е да се создаде порамномерно поле за натпревар.

– Педесет проценти изнесува максималната топлинска ефикасност на турбо-хибридните енергетски единици. Пред 2014 година, таа бројка изнесуваше само 32 проценти за моторите во Формула 1, а најдобрите друмски автомобили имаат термичка ефикасност со процент до средината на 40 отсто.
– Осумнаесет инчи е големината на гумите во Ф1 за 2022 година. Гумите беа целосно редизајнирани, со повеќе од 10.000 часа тестирање во затворен простор, 5.000 часа симулација и 70 виртуелни прототипови произведени пред девет тима да ги тестираат поминувајќи 20.000 километри во 2021 година. Резултатот е поширок работен опсег од претходните гуми од 13 инчи, ограничено прегревање и намалена деградација.

– Десет е процентот на гориво Е10 што содржи биокомпоненти, дел од напорите на Формула 1 за одржливост и целта да има емисија од нето нула јаглерод до 2030 година. Тој сооднос на биогориво е оној што речиси ништо не испушта кога станува збор за јаглерод диоксид, а Ф1 се стреми да оди многу подалеку, насочен кон движење за 100 отстотно биогориво во иднина.
– Четири е процентот на симулирана загуба на потисна сила кога Ф1-болид од 2022 година е 20 метри зад друг. Во 2021 година таа бројка се проценува на околу 35 отсто. Загубата на потисната сила се зголемува на 18 проценти кога автомобил со спецификации од 2022 година е зад друг, во споредба со 46 отсто кога еден автомобил од 2021 година бил зад друг.