Рускиот претседател Владимир Путин повтори дека Владата во Киев мора да ги признае самопрогласените „народни републики“ Луганск и Донецк како услов за завршување на „воената операција“ во Украина, соопшти Кремљ.
Киев, исто така, мора да го признае суверенитетот на Русија над Крим и да се обврзе дополнително да се откаже од нуклеарното оружје во иднина, соопшти Кремљ.
Покрај тоа, Украина, мора да биде демилитаризирана и да усвои неутрален статус, нагласи Путин.
Тоа е прва изјава од ваков вид откако претставниците на Украина и Русија одржаа мировни преговори во Белорусија во понеделникот.