Фото: Пиксабеј

Пет луѓе загинаа, а пет се ранети во денешниот напад на руските сили врз телевизиска кула во Киев, соопшти државната служба за вонредни состојби на Украина.

– Пет лица загинаа, а пет се ранети во гранатирањето на телевизиската кула во регионот Шевченковски. Спасувачката операција продолжува – се наведува во соопштението.

Претходно украинските медиуми објавија дека руските сили ја погодиле ТВ кулата во Киев со два проектили.