Фото : Архива

По барање на Основното јавно обвинителство Битола донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против лицете Т.Ѓ (62) за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот Т.Ѓ вчера, рано изутрина го уби поранешниот маж на неговата ќерка во Битола, откако овој со остар предмет насила му упаднал во семејната куќа и и се заканувал на поранешната сопруга, ќерка на осомничениот.

Во барањето за спроведување истрага на Основното јавно обвинтелство стои дека осомничениот, Т.Ѓ. на 21 феавруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место.

По настанот, јавен обвинител изврши увид и издал наредби за обдукција на телото на починатиот, за прибирање траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор на објектот.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците.​

Инаку убинетот С.С. и бил познат на битолската полиција.

М.М.