Со пригодна свеченост денес беше одбележан патрониот празник на ОСУ „Мирко Милески“ Кичево, денот кога пред 75 години на планината Буковиќ загинал Народниот херој чие име го носи ова училиште.

Најпрво пред споменикот на патронот на училиштето, од страна на вработените и учениците беа положени букети свежо цвеќе, а потоа од членовите на училишниот хор беше изведена химната на Република Македонија, а со свој репертоар се претставија и играорците на КУД „Рацин“.

Потоа директорката на ОСУ „Мирко Милески“ им додели пофалници на учениците кои оствариле добри резултати на републичките натпревари по одредени предмети во текот на изминатата година, додека членовите на ликовниот клуб подготвија изложба на дела што беа изложени во училишниот хол.

З.А.