Фото: Официјална страница на хрватскиот претседател

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека е против проширување на НАТО каде било и дека ќе се спротивстави додека е на оваа позиција.

– Доволно е проширување на НАТО. Проширувањето на НАТО е фигуративен напад. Додека јас сум претседател, ќе бидам против НАТО да се прошири каде било – рече Милановиќ.

Тој изјави дека го оправдува рускиот претседател Владимир Путин.

– Мислам дека тој што се залага за проширување на НАТО во Украина го загрозува хрватскиот интерес. Бидејќи сме во НАТО, утре некој може да испрати наши луѓе. Путин е постар човек, ќе си замине. Русија нема да замине. Во еден момент треба многу да се каже, каде е крајот на НАТО – рече тој.

Милановиќ ги праша новинарите дали ќе преземат одговорност и дали ќе го испратат своето дете таму.

– Откако ќе се обврзете, нема враќање назад. НАТО доволно дојде на Исток, доста е – јасен е хрватскиот претседател.

Тој посочи дека тоа што го кажува денеска го зборува во здрав разум, од искуство, како хрватски претседател.

Милановиќ рече дека Украина повикува на смирување на тензиите и гледаме, вели тој, како се уништува сиромашна земја со разгорување на паника.