ФИЛМ+: „Снежана на крајот умира“ е прв македонски филм селектиран на овој фестивал. „Слемденс“ е почетното скалило кон славата на некои од најпознатите режисери на денешницата, како: Кристофер Нолан („Тенет“, „Данкерк“, „Почеток“), потоа Бонг Џун-Хо (познат по оскаровскиот хит „Паразит“ од 2019, „Окја“ и „Мемоари за едно убиство“) и Шон Бејкер („Црвена ракета“, „Проектот Флорида“). Какво беше чувството кога дознавте дека и вашиот филм го почнува фестивалскиот пат токму на овој фестивал?
Кристијан Ристески: Искрено, ми дојде ептен убаво кога се случи тој телефонски разговор, кога ми јавија дека филмот е селектиран. Не само поради луѓето што ги спомнавте, кои несомнено се импозантни имиња, повеќе ме израдува фактот дека нашиот филм го препознаа колеги, филмаџии. За тие што не знаат, „Слeмденс“ се разликува од другите фестивали по тоа што сите луѓе вклучени во неговата организација се филмаџии. Ми се чини дека сите најубаво се чувствуваат кога потврдата за добро сработена работа ќе дојде токму од колегите, а посебно годи кога таа потврда се однесува на филм на кој сте потрошиле 4-5 години од животот. Интересна коинциденција е дека постпродукцискиот сегмент на продукциската куќа која стои зад нашиот филм, „Вертиго“, има сработено дел од визуелните ефекти во филмот што го спомнавте, „Окја“ на Бонг Џун-Хо.
ФИЛМ+ ќе биде дистрибуиран со викенд-изданието на „Нова Македонија“.