Канада

Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговото семејство беа префрлени на друга локација во Отава, додека камиони со транспаренти со кои се осудуваат мерките на Трудо и канадското јавно здравство се собираат по улицата Велингтон, пред Парламентот. Протестот засега е мирен.
Претходно, во саботата, медиумите објавија дека илјадници камионџии и стотици други демонстранти се собираат во Отава, во знак на протест против мерките наметнати поради пандемијата на коронавирусот. Камионџиите почнаа да пристигнуваат во петокот вечер. Трудо во петокот рече дека антинаучните, антивладини и антисоцијални идеи на камионџиите претставуваат закана не само за нив туку и за сите Канаѓани.
Илон Маск, основачот на „Тесла“ и „Спејсекс“, ги поддржа протестите и на Твитер објави дека „владеат канадски камионџии“.
Досега, 82 отсто од Канаѓаните на возраст над пет години примиле вакцина против коронавирусот. Според Канадската асоцијација на камионџии, огромното мнозинство возачи на камиони во земјата се вакцинирани.