Извештајот ги рангира земјите на скала од „најмногу корумпирани“ со нула поени до „најмалку корумпирани“ со 100 поени. Данска, Нов Зеланд и Финска се изедначија на првото место со 88 поени. Првите две земји имаат непроменет резултат, додека Финска освои три поени во споредба со претходно. Сомалија (13), Сирија (13) и Јужен Судан (11) остануваат на дното.
Од 2012 година, дваесет и три земји забележаа значителен пад во рангирањето, вклучувајќи ги и напредните економии, како Австралија (73), Канада (74) и САД (67). Токму САД првпат не се меѓу првите 25 земји на индексот. Од друга страна, дваесет и пет земји значително ги подобрија своите резултати, вклучувајќи ги Естонија (74), Сејшели (70) и Ерменија (49).
Македонија на оваа листа е на 87-то место, со 39 поени, а минатата година со 35 поени беше на 111-то.