По Градскиот парк сега и паркот во Чаир доби уметничко дело, куќичка како од приказните за деца. Така и го нарекуваат чаирчани, а проектот го реализираа екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои наместо да ги сечат старите дрвја, кои претставуваа опасност за граѓаните, истите тие ги претвораат во прекрасни уметнички дела.
– „Чаир мојот дом“ е визијата што се обидуваме да ја реализираме преку секој проект, за животната средина да рефлектира чувство на еден вистински дом за сите граѓани – велат од Чаир.