Повеќекратната добитничка на наградите „греми“, Кристина Агилера, неодамна го објави видеото за песната „Santo“, во кое ѝ се придружи сè попопуларниот уметник Озуна. „Santo“ е сингл од ЕП-изданието на „Сила“, најновата збирка шпански песни на Агилера во изминатите 20 години!
Во новите песни, светската ѕвезда уште еднаш го покажува својот беспрекорен глас, кој во полна сила одлично се вклопува во страсните и урбани латиноритми. Во новото издание, Кристина соработуваше и создаваше музика со голем број познати музичари, како: Озуна, Далас К, Гејл, Џош Бариос, Беки Џи, Ники Никол и Нети Пелусо.
Збирката песни од изданието „Сила“ е од големо значење за оваа музичка икона, бидејќи е инспирирана од нејзините еквадорски корени, кои се заслужни за нејзината љубов кон музиката воопшто. ЕП-изданието вклучува шест уникатни и исклучителни песни исполнети со најдобрите латински звуци во сета нивна различност и под еден заеднички именител – зајакнување.
– Кога моите обожаватели ќе ги слушаат овие песни, сакам тие да се чувствуваат моќни и слободни. Се разбира, низ мојата музика течат и други емоции и чувства, сензуалност и енергија, но во основа ги ставам моите песни во преден план за да поттикнам зајакнување – истакна Агилера во неодамнешното интервју за списанието „Оушн драјв“.