Охриѓанецот Мартин Гоџоски успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро. Тој најдобро се снајде меѓу стотиците верници кои денеска скокаа по крстот во Охрид.
– Речиси десет години наназад скокам во езерото за да го фатам крстот. Ми беше голема желба да го фатам крстот, и еве, тоа се исполни ми беше да го фатам. За да стигнеш до Чесниот крст мора да постиш, да си внесен во верата и да ги почитуваш правилата на Црквата – рече 25-годишникот од охридската населба Варош, додавајќи дека смета оти фаќањето на крстот ќе му донесе многу среќа и благососотојба во фамилијата.
Денешната манифестација во Охрид традиционално ја следеа илјадници верници и гости.