СПОРЕД „ФОРБС“
Јапонката Наоми Осака, четирикратна тениска гранслем-шампионка, е најплатената спортистка во светот, според листата објавена од бизнис-магазинот „Форбс“. Осака заработи 57,3 милиони долари од награди и спонзорства во текот на минатата година.
Следни на листата се колешките тенисерки Серена Вилијамс (45,9 милиони) и постарата сестра Венус (11,3 милиони долари). Американската гимнастичарка Симоне Билес (10,1 милиони долари) и шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза (8,8 милиони долари) ја заокружија првата петорка.
Тенисерките имаат пет од 10-те места на листата, за кои „Форбс“ рече дека го означиле најнискиот број од тенисот во повеќе од една деценија и драматична промена во однос на 2019 година кога ги освоија сите први 10 места, пишува „Ројтерс“. Збирно, 10-те најплатени спортистки заработија вкупно 166,6 милиони долари, што, според „Форбс“, е зголемување од 23 отсто во однос на неговата листа за 2020 година, пишува „Ројтерс“.
Голферката од Јужна Кореја, Ко Џин-Јанг (7,5 милиони долари), бадминтонката П.В. Синдху од Индија (7,2), светската тенисерка број еден Ешли Барти од Австралија (6,9), голферката Нели Корда од САД (5,9) и кошаркарката Кендис Паркер од САД (5,7 милиони долари) ја заокружуваат листата на првите 10.