Фото: Зоран Антоски

Довчерашниот прволигаш битолски Пелистер, резултатската агонија ја продолжи на мечот во Кичево, каде беше поразен од домашниот состав со 1-0.

Во не многу квалитетен натпревар проткаен со доста прекини, екипата на Влазерими наполно заслужено дојде до трите бода и направи значаен прогрес на второлигашката табела.

Најубавиот момент на мечот беше слободниот удар за домаќините во 20-та минута изведен од Бурхан Алијии, кој заврши во мрежата на Ристески за водство на Влазерими од 1:0.

Покрај единствениот погодок домаќините уште во неколку наврати сериозно го загрозија голот на гостите, но ударите на Цуцули, Тела и Алиу не ја погодија целта.

Пелистерци единствената вистинска можност ја имаа во 80-та минута кога нововлезениот Бошкоски го погоди десниот директ од голот на Адили со што пропадна единствената прилика за гол на гостите од Битола.

З.А