Србија

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, повикувајќи се на процените на полицијата, соопшти дека за време на новогодишната ноќ низ централните градски улици поминале околу 100.000 луѓе, а градот забележал солидна заработка.
– Наша процена е дека Белград за време на новогодишните празници го посетија околу 100.000 туристи. Ние немаме толкави сместувачки капацитети, но дел од нив престојуваа кај свои роднини и пријатели. Нашата процена е дека Белград за време на новогодишните празници заработил меѓу 90 и 100 милиони евра, а она што е интересно е дека дел од тие луѓе сѐ уште се во градот – изјави Весиќ за српските медиуми.
Тој додаде дека најголем број туристи се од регионот, но имало и многу од Турција, Бугарија, Русија и од арапските земји.

Подготви: Дејан Србиновски