Mакедонскиот уметник Златко Крстевски освои награда на фестивалот „Икчу арт“ во Измир, Турција, на темата „Тиркизно“. Селектираните уметници беа наградени со специјални награди од факултетот за уметност и дизајн „Измир Катип Челеби“.
Паралелно со фестивалот, уметниците учествуваа со свое дело на изложбата во централната галерија ГИЛ во Краков, Полска, по повод 100 години од раѓањето на познатиот писател на научна фантастика, филозоф, есеист и футуролог Станислав Лем. Изложбата е отворена до 20 јануари, а учествуваа 139 уметници од САД, Чешка, Јапонија, Мексико, Италија, Турција…
– Поканетите уметници креираат специјални уметнички минијатурни дела дизајнирани рачно и потпишани од истите тие за поставката „Луна Евентуалние Марс 100 Лем“: слики, графики, стрип-цртежи инспирирани од творештвото на познатиот писател на научна фантастика Станислав Лем. Јас учествувам со две дела, стрип-цртежи – вели Крстевски, кој покрај со сликарство се занимава и со современ стрип и сатиричен цртеж.