ФУДБАЛ

Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн, трета календарска година по ред е најдобар стрелец во фудбалска Европа. Тој постигна 69 гола, од кои рекордни 43 во германската Бундес-лига. Тоа е израмнето второто најдобро постигнување во минатата деценија, со тоа на Кристијано Роналдо (69 гола во 2013 година). Во таа категорија, Лионел Меси е убедливо прв со 91 погодок во 2012 година. Левандовски беше прв стрелец и во 2019 година, со 54 гола, и во 2020-та со 47, објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница. Тој е најдобар стрелец годинава и во натпреварувањата на УЕФА (клупски и репрезентативни) со 22 гола, два повеќе од Англичанецот Хари Кејн.
Најдобри стрелци во 2021 година (за клуб и за репрезентација): Левандовски (Баерн и Полска) 69, Килијан Мбапе (ПСЖ и Франција) 49, Ерлинг Холанд (Борусија Д. и Норвешка) 47, Карим Бензема (Реал Мадрид и Франција) 46, Роналдо (Јувентус/Манчестер Ј. и Португалија) 43 итн.
Најдобри стрелци годинава во натпреварувањата на УЕФА (за клуб и за репрезентација): Левандовски (Баерн и Полска) 22, Кејн (Тотенхем и Англија) 20, Мбапе (ПСЖ и Франција) 17, Роналдо (Јувентус/Манчестер јунајтед и Португалија) 17, Бензема (Реал Мадрид и Франција) 16 итн.


НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ЕДНА ГОДИНА

ГОД.           ФУДБАЛЕР                    ГОЛОВИ
2021           Роберт Левандовски     69
2020           Роберт Левандовски     47
2019           Роберт Левандовски     54
2018           Лионел Меси                51
2017           Хари Кејн                     56
2016           Лионел Меси                59
2015           Кристијано Роналдо      57
2014           Кристијано Роналдо      61
2013           Кристијано Роналдо      69
2012           Лионел Меси                91
2011           Кристијано Роналдо      60