Во време на светска пандемија, дефицит на ресурси и забавена продажба, компанијата „Еуроимпекс“ ја прилагодува својата продажна стратегија согласно новите услови на пазарот и истапува со кампања со која ги повикува своите клиенти на паметно планирање, под слоганот „Планирај мудро. Порачај го своето возило сега!“

 

Со тоа им дава прилика дури и на најпребирливите клиенти, да го конфигурираат своето возило согласно нивниот уникатен стил, нивните желби и потреби на патот и навремено да ја остварат порачката на својот омилен автомобил.

Гамата на „Пежо“ нуди многу новитети, а понудата опфаќа патнички и комерцијални возила. Возила со внатрешно согорување, електрични возила и „plug-in“ хибридни модели.

Комерцијалната гама е исто така достапна за нарачка и во 100% електрична верзија. За повеќе информации за цени, достапност и начин на порачување обратете се во салоните на „Пежо“ и дилерската мрежа или посетете ја веб-страницата на „Пежо“.