Од космодромот во Француска Гвајана успешно беше лансиран вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ уредот кој во иднина треба да овозможи најдлабок поглед на вселената досега и кој отвора нова астрономска ера.
Моќниот телескоп, на чиј дизајн се работеше 30 години и чинеше 10 милијарди долари, користи најсофистицирана технологија и се смета за еден од најголемите научни дострели во 21-от век.
Телескопот е тежок 6.350 килограми. За да стигне до крајната одредница а тоа е сончевата орбита на околу 1,6 милиони километри од земјата, растојание што е за четири пати подалечно од Месечината, на телескопот ќе му треба време од еден месец.
Преносот на НАСА може да го гледате на каналот на НАСА на Јутјуб.