Рускиот претседател Владимир Путин традиционално ќе ја дочека 2022 година во друштво на семејството и пријателите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој за ТАС С изјави дека празниците за Путин ќе бидат делумно работни и додаде дека претседателот на Русија ретко го поминува тоа време целосно „како новогодишни празници“.
-Мислам дека тој, како и сите други, првите денови ќе ги искористи само за одмор. Сепак, тој не може да има комплетен одмор – изјави Песков.