Фото: Пeкселс

САД

Околу 100 милиони долари се украдени од фондови за помош при пандемијата во Америка. Ова меѓу другото го соопшти американската тајна служба ЦИА, информирајќи дека милионски суми се украдени од американските програми за помош на бизнисите и луѓето што ја изгубија работата за време на пандемијата на коронавирусот.
– Процената се заснова на случаи на тајната служба и податоци од Одделот за труд и администрацијата за мали бизниси – изјави Рој Дотсон, национален координатор за наплата на измами во ЦИА.

Како што пренесува „Гласот на Америка“, повикувајќи се на извештајот на тајната служба, се претпоставува дека значителен дел од парите можеби им бил незаконски исплатен на луѓе што не ги исполнувале критериумите за државна помош при пандемијата.

Во моментов се водат околу 900 истраги во сите американски сојузни држави, а приведени се околу сто лица што се сомничат дека направиле проневера со државните пари.