Велика Британија трет ден по ред бележи рекорден број на нови случаи на Ковид-19. Денеска се пријавени 93.045 нови инфекции.
Здравствените власти пријавиле и 111 смртни случаи последните 24 часа, а соопштено е дека во моментот 7.611 пациенти имаат потреба од болничко лекување, од кои 875 се на респиратор, пишува британски „Гардијан“.
Велика Британија вчера пријави 88.376 нови случаи, а претходниот 78.610, што исто така беа рекорди за време на пандемијата и по претходно пријавениот максимум во јануари.
Вкупно досега се регистрирани повеќе од 10.000 случаи на сојот омикрон, а Британија е прва во светот која регистрирала смрт од последиците на инфекцијата со новиот сој на Ковид-19, објави „Ројтерс“.