Фото: Принт-скрин

Со 30 минутна блокада на магистралниот пат Струга – Ќафасан, жителите на седум струшки села, на потегот кон граничниот премин Ќафасан, искажаа револт за лошата состојба на коловозот и неисполнетите ветувања за негова реконструкција.

Тие тврдат дека секоја година добиваат ветување за реконструкција на овој патен правец, но оти тоа резултирало со лошо санирање на дупките, кои се небезбедни за сообраќај.

Мештаните од селата Радолишта, Теферич, Франгово, Фиеришта, Шум, Заграчан и Калишта побараа средба со надлежните и што поскоро надминување на проблемот, односно реконструкција на магистралата Струга – Ќафасан. Тие во спротивно најавија помасовни протести и блокирање на патот.