Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, иако досега играл 46 пати против Новак Ѓоковиќ, смета дека ривалството со најдобриот српски тенисер секогаш било во сенка на Шпанецот Рафаел Надал, против кого има одиграно осум натпревари помалку.
– Моето ривалство со Ѓоковиќ секогаш беше засенето од ривалството кое го имав со Рафаел Надал. Со Новак најчесто играв во полуфиналните натпревари, а потоа малку се повлеков и тие двајца ги презедоа првите две места. Но, сепак одигравме неколку одлични натпревари, истакна Федерер.
Швајцарскиот тенисер истакна дека му е задовоство што бил сведок на напредокот во кариерата на Ѓоковиќ.
– Беше забавно да се гледа како напредува, а тоа ме направи и мене подобар. Среќен сум бидејќи се уште можам да играм против него и мислам дека имаме динамично ривалство, наведе Федерер.
По повредата и операцијата во почетокот на годинава Ѓоковиќ имаше исклучително успешно враќање на терените, при што ги освои трофеите на Вимблдон, Синсинати и Ју-Ес Опен.