Животни
Истражувачите од универзитетот „Еотвос Лоранд“ во Будимпешта ја тестираа нивната теорија дека симпатичното навалување на главата на кучињата може да биде поврзано со нивната способност да ги обработуваат и да ги препознаваат имињата на предметите што ги спомнувате, особено омилените играчки.
Според студијата објавена во научното списание „Анимал когнишн“, новото истражување сугерира дека само неколку раси кучиња можат да ги научат имињата на предметите, дури и по неколку изложувања, додека повеќето кучиња не го прават тоа.
Тие претпоставуваат дека навалувањето на главата е поврзано со обработка на значајни или релевантни аудитивни стимули и дека кучињата што можат да поврзат име на збор со предмет, како што е нивната омилена играчка, ја навалуваат главата почесто од кучињата што не можат да поврзат ниту еден збор. Во истражувањето учествувале 40 кучиња од расата шкотски овчар, а во текот на три месеци „субјектите“ ги научиле имињата на две играчки.
Според извештајот, разликата во однесувањето на кучињата може да биде поврзана со слушање значајни зборови и може да биде знак за зголемено внимание. Може да укажува и на подобри мемориски способности. Иако истражувањето изгледа ветувачко, научниците се согласуваат со потребата од проширување на студијата и на други раси.