Обилни дождови предизвикаа излевање на реките и поплави во повеќе места низ БиХ, при што прогласена е вондредна состојба во Пале и во Трново, како и во Источна Илиџа.
Во населеното место Војковиќи во близина на Сараево загрозени или поплавени се околу 150 куќи кога дошло до свлечиште по течението на реката. Поплавени се патишта и домаќинства во општина Источна Илиџа.
Надлежните институции апелираа до граѓаните во критичните мнеста да не ги напуштаат своите домови без потреба, а упатен е и апел за ставање во служба на помош на надлежните, каде што има можност.