Доскорешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, од шпанскиот фудбалски клуб ќе ги бара парите кои му припаѓаат според договорот, откако доби отказ. Новинарот Луис Канут, кој е пријател со Куман, открил дека Холанѓанецот со семејството ќе остане да живее во Барселона.
Куман, доби отказ во средата, по поразот од Рајо Валјекано. Клубот му понудил да го обесштети со сума помеѓу седум и осум милиони евра, но Куман нема да отстапи и бара да му бидат исплатени 12 милиони евра, колку што треба да добие според договорот.
– Роналд имаше желба да замине во пензија откако ќе го одработи договорот со Барселона. Не знам што ќе направи сега. Жал му за односот што го имаа новинарите кон него, смета дека го омаловажуваа. Нема да се откаже од 12 милиони евра, нема ниту цент да ѝ прости на Барселона. Мора да се испочитува она што го пишува во договорот – напишал Канут.