Канцеларијата на американскиот директор на Националната разузнавачка служба (ODNI) објави нова проценка од која е отстранета тајната ознака за потеклото на Ковид-19, а во извештајот се проценува дека коронавирусот не е развиен како биолошко оружје.
Во извештајот, се отфрлаат индициите дека коронавирусот настанал како биолошко оружје и се наведува дека поборниците на оваа теорија немаат директен пристап до Институтот за вирологија во Вухан и се обвинети за ширење дезинформации.
Извештајот е производ на 90-дневниот преглед објавен од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во август, во услови на интензивна политичка контроверзија околу тоа дали и до кој степен Кина треба да се обвини за глобалната пандемија, или владите кои можеби не реагирале доволно брзо на ги штитат своите граѓани.
Во извештајот на ОДНИ се наведува дека четири американски разузнавачки агенции и тело што обединува неколку агенции имаат ниско ниво на доверба дека Ковид-19 потекнува од заразено животно или поврзан вирус.
Но, една агенција има умерена доверба дека првата човечка инфекција со Ковид-19 најверојатно била резултат на лабораториска несреќа, која најверојатно вклучувала експериментирање со животни во Институтот за вирологија во Вухан.
Американските разузнавачки агенции веруваат дека нема да можат да дадат попрецизно објаснување за потеклото на Ковид-19 без нови информации кои укажуваат дека вирусот поминал специфичен пат од животните до луѓето или дека лабораторија во Вухан работела на вирусот или сродниот вирус пред Ковид 19.
Во извештајот се наведува дека на американските агенции и на глобалната научна заедница им недостасуваат клинички примероци или целосно разбирање на епидемиолошките податоци од најраните случаи на Ковид-19, така што овој контроверзен извештај би можел да се преиспита доколку се појават повеќе докази.
Кина се соочи со меѓународни критики дека не соработува поактивно во истрагите за потеклото на актуелниот коронавирус.