На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат вратени парите, потврди шпанското Министерство за внатрешни работи.
Државата се одлучи на овој потег откога Уставниот суд на почетокот на оваа година пресуди дека првата вонредна состојба во Шпанија, прогласена минатата година од 14 март до 21 јуни, во која сите граѓани, освен оние што се вработени на специфични работни места, мораа да останат дома, била неуставна.
Во тој период биле напишани казни од вкупно 1,1 милион евра, но не се сите исплатени.