Пациентка предизвикала пожар во ковид-одделот во бугарскиот град Русе, откако со запалка барала предмет што паднал под нејзиниот кревет.
Пожарот бил изгаснат со интервенција на дежурниот тим на ковид одделението во болницата во Русе, додека и самата пациентка помогнала со активирање на алармниот систем во болницата.
Во пожарот биле опожарени неколку кревети, ѕидовите, како и апаратите со кислород во просторијата. Во пожарот не биле загрозени четворицата пациенти присутни во собата, кои веднаш потоа биле префрлени во други простории.
Раководството во болницата во Русе, по инцидентот ја разгледува можноста за издавање на пропис според кој на пациентите ќе нема да им биде дозволено да носат запаливи уреди.