Швајцарскиот фармацевтски гигант Новартис соопшти дека за 8,7 милијарди американски долари ќе ја купи американската компанија Авексис.
Главната цел за оваа зделка е Новартис да стане лидер во лекување на невродегенеративни болести, неизлечиви болести на нервниот систем.
Двете компании соопштија дека нивните управни одбори едногласно го потврдиле договорот, а износот ќе биде платен во готовина и со краткорочни заеми.
Новартис ќе плати 218 долари по акција, а трансакцијата треба да биде завршена до средината на 2018 година.