Дваесет и тригодишна девојка е приведена под сомнение за убиство на нејзиниот невенчан сопруг.
Утрово во 05 часот во Велес, полициски службеници ја привеле П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на улица Максим Горки со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.