Компанијата „Еколог“ од Тетово донира десет амбулантски возила со опрема за
здравствените установи низ земјава.

Едно од возилата ќе биде наменето за Здравствениот дом во Битола.
Од компанијата “ Еколог “ велат дека нивната општествена одговорност ја
вклучува посветеноста кон одржлив економски, еколошки и социјален развој.

– Ние се обидуваме да ги идентификуваме потребите на општеството и се
обидуваме да го поддржиме неговиот напредок кон повисоки цели и благосостојба.
„Еколог“ одлучи денес да донира десет амбулантни возила со сета опрема за
здравствените домови во Северна Македонија – истакнаа од компанијата.

Покрај Тетово, кое ќе добие две амбулантски возила амбулантски возила ќе
добијат уште здравствените домови во Битола, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар,
Струга, Велес и Штип.

М.М.