Земјотрес со интезитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала минатата ноќ е регистриран во реонот на турскиот медитерански град Анталија.
Турската Дирекција за справување со кризи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот се случил во 2.02 часот по локално време (две минути по полноќ по средноевропско време) на длабочина од 47 километри под површината на земјата, со епицентар во близина на градот Дошемеалти.
Според Дирекцијата, нема информации „за негативни последици од земјотресот“, односно нема сознанија за жртви или предизвикани материјални штети.