„Нова Македонија“ распишува конкурс за краток расказ

Пропозиции:

– расказите да не бидат подолги од 100 реда
(три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери )
– да бидат напишани на македонски јазик
– да не биле досега објавувани
– да имаат наративна форма

Темата е слободна.

Право на учество имаат сите автори.

Ракописите под шифра треба да се испратат на адреса на редакцијата: ул. Јуриј Гагарин бр.15; 1000 Скопје, или на електронската адреса [email protected] 
(со назнака: За конкурсот за краток расказ) и  најдоцна до 30 септември.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 15 октомври, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 29 октомври – денот на излегувањето на „Нова Македонија“.

Жирито ќе додели три парични награди, а предвидени се и три откупни награди.

Редакцијата го задржува правото за објавување на наградените и откупените раскази во весникот.

Конкурсот за краток расказ „Нова Македонија“ првпат го објави во 1960 година.

Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широкоприфатена од читателската публика и која има длабоки корени во македонската раскажувачка традиција.