Општинскиот одбор на ЛДП-Битола, на синоќешната седница едногласно заклучи претседателот на партијата и актуелен министер за локална самоуправа, Горан Милевски да биде кандидат на движењето „Одлучно за промени“, за градоначалник на Битола.
– Општинскиот одбор очекува Горан Милевски да ја прифати кандидатурата, која е барање не само на членовите, туку и на граѓани и на бројни поддржувачи на актуелната власт кои сакаат во оваа трка за градоначалник да се вклучи и тој. На седницата на општинскиотодбор усвоена беше и листата на советници на движењето „Одлучно за промени“, која на овие избори ќе ја предводи Валентин Груевски, досегашен претседател на Советот на Општина Битола. На листата се наоѓаат истакнати членови на ЛДП и ДОМ, како и бројни јавни личности од граѓанскиот сектор, културата, спортот. Листата ќе го отсликува и мултиетничкиот карактер на Битола – велат од ЛДП Битола. М.М.