Пожарот кој попладнево изби во скопското село Побожје, при што беа опожарени две куќи, е ставен под контрола.
Интервенирале четири возила на противпожните екипи од Скопје кои дошле од околината на „Окта“, каде што го гасеа пожарот во близина на рафинеријата.
Од пожарот изгореа две куќи, а на терен сѐ уште е противпожарната бригада на Град Скопје. Сопственикот на опожарената куќа обвини дека пожарната ја чекале повеќе од еден час, а додаде и дека селото веќе пет дена е без вода.