Русија нема да го прекине дијалогот со САД и ќе ги гради односите врз основа на практичните чекори на Вашингтон, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на Јутјуб-каналот „Соловјов лајв“.
„Аксиос“ во понеделникот објави дека американскиот претседател Џо Бајден го назначил Ејмос Хохштајн, жесток противник на гасоводот „Северен тек 2“, за специјален пратеник за енергетика на Стејт Департментот.
– Ќе тргнеме од практичните чекори на американската страна – рече Захарова откако САД назначи нов специјален претставник за енергетика на Стејт Департментот, посочувајќи дека САД многу кажале работи што не ги реализирале во пракса.
Според Захарова, Москва постојано одржувала контакт со Вашингтон и никогаш не ја затворила вратата за дијалог.