На бензинска станица во близина на граничниот премин Богородица, во товарен дел од камион со скопски регистарски ознаки, полициски службеници синоќа откриле петмина мигранти од Авганистан.
Како што информираат од МВР, камионот бил управуван од Ш.И. (49) од валандовското село Јосифово.
По преземени мерки било констатирано дека претходно, додека тој правел пауза на паркинг, мигрантите незабележани влегле во товарниот дел на возилото.
Авганистанците биле предадени во прифатно-транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.