М.Ќ. (47) од село Мрзенци – Гевгелиско, кој бил член на Клуб за екстремни спортови, вчера бил пронајден починат над село Сермин – Гевгелиско, во близина на манастирот „Свети Илија“ .
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера, попладне во 15 часот.
– Имено на М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време тој починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт – наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.