Приведен 27-годишен скопјанец, за кого била распишана централна потерница за издржување затворска казна.
М.Т. е осуден на казна затвор за сторени кривични дела по член 236, по член 215 и по член 383 од Кривичниот законик. Тој бил приведен во Полициска станица Струга, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.