Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжува со контролите на гласноста во угостителските објекти во Општина Центар.
– По извршените мерења во одредени локали, инспекторите констатираа повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23 часот, а уште два локали, „Гнездо“ и „Интермецо“, добија решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина. По добивањето на ршенијата, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по нив – соопштија од Општина Центар.
Изминатата седмица општинските инспектори издадоа две решенија за преземање на мерки за намалување на бучавата на „Мош“ и „Макка“, а Општината најави дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови, во сите делови од општината.