РАКОМЕТ
Ракометниот клуб Металург потпиша четиригодишен договор со младиот голман Димитар Бардаковски (19), кој доаѓа од Еурофарм Пелистер и кој заедно со Давид Брестовац ќе го формира двоецот на млади голмани. Бардаковски, кој минатата година го потпиша својот прв професионален договор, е талентиран голман, кој во Металург ќе ги бара својата минутажа и шанса. Засега се знае дека помладиот Брестовац ќе тренира со првиот тим, но ќе брани во Металург РА. Металург уште е во потрага по поискусен голман, кој треба да го замени Даниел Ѓорѓески, кој, пак, реши својата кариера да ја продолжи во Унгарија. Претходно, нов договор со Металург потпиша првиот голман и капитен, Даниел Дупјачанец. Бардаковски е петтото засилување на металурзите за новата сезона, по браќата бекови Оливие и Кевин Њокас, пикерот Костадин Петров и средниот бек Бобан Каковски.