По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот, кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, а кои не се мнозинство“, вели лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши, во изјава за „Дојче веле“.
Тој нагласи дека нема ништо против предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека идентична почит треба да се рефлектира и кон албанскиот јазик.