Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер синоќа на исполнетата „Алијанц Арена“ во Минхен го одигра прошталниот меч во дресот на Баерн Минхен.
Баварците играа против сегашниот клуб на Швајнштајгер, Чикаго Фајр.
Германскиот фудбалер првото полувреме настапи за американскиот тим, а во второто го носеше дресот на Баерн.
Крајниот резултат е 4:0 за Баерн, а последниот гол го постигна токму Швајнштајгер.