Секогаш кога настапувам во Битола, пред битолската публика имам премногу трема. Така беше кога почнав да играм во Народниот театар на 10 години, а така се
чувствувам и сега кога имам 57 години, рече актерот и режисер Ѓорги Јолевски по добивањето на наградата Гран при на годинашниот фестивалот на монодрамата во Битола, што ја освои претставата во негова режија „Последната лента на крап“, изведена во копродукција на Народниот театар од Скопје и Перипетија продукција. Јолевски е добитник и на признанието за најдобра режија на фестивалот.
– Секогаш од битолската публика имам страв до коски. Благодарение на битолската публика која е навикната да гледа различни естетики од различни режисери и автори, кои многу смело го коментираат светот во кој живееме и поставуваат принципи на комуникација преку естетските врености со публиката која знае да препознае и да ги критикува оние кои не го држат чекорот – рече Јолевски по добивањето на наградата Гран при на годинашното 22. издание на фестивалот на монодрмата во Битола, на која се одиграа вкупно 10 монодрами на домашни автори. М.М.